Во заедничка акција на Министерството за образование и наука, Агенцијата за млади и спорт, Федерацијата за училишен спорт, Атлетската федерација на Македонија и Сојузот на спортски федерации на 16.05.2014 год. (петок)на кејот на реката Вардар се одржа најмасовниот училишен крос од независноста на Република Македонија со учество на околу 4000 учесници. Кросот свечено беше отворен од страна на директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.
Учество на атлетскиот крос зедоа и учениците од нашите две (2) училишта, ООУ „Кочо Рацин“ и СОУ „Митко Пенџуклиски“.
Најуспешна од нашата општина, која што се закити со бронзен медал беше Сандра Ангеловска, ученичка во 8 (дев.) одделение која го освои третото (3) место во категорија жени - 600 метри. Другите ученици од нашите училишта на националниот натпревар во други категории и дисциплини добија дипломи до десетто (10) место.