По повод Денот на пролетта – и Ден на екологијата 21-ви Март, ООУ „Кочо Рацин“ организираше акција за чистење на училишниот двор, просториите кои се наоѓаат во училиштето и локалитетот во центарот на градот м.в.Карши Бавча.На почетокот оваа акција започна со изработка на флаери од учениците со пораки за загадена и чиста средина со цел да се зголеми свеста и да се укаже колку е важна заштитата на животната средина.Во спроведувањето на акцијата учествуваат учениците со нивните класни раководители со почеток од 8 часот во просториите на училиштето, а во 10 часот започна и акцијата на расчистување на локалитетот во центарот на градот Карши Бавча.На овој ден поддржувајќи ја свеста за зачувување на нашата единствена планета, ние ја дочекавме пролетта со надеж дека нашиот пример ќе го следат и другите и заедно ќе се погрижиме за заштита на нашата околина – изјави класниот раководител Мите Младеновски.
Основците од Кратово спроведоа еколошка акција
Најново
![]() | Денеска | 7161 |
![]() | Вчера | 5315 |
![]() | Оваа недела | 14538 |
![]() | Минатата недела | 31661 |
![]() | Овој месец | 102886 |
![]() | Минатиот месец | 135927 |
![]() | Вкупно | 21156822 |