Титула си е титула, па макар била и второлигашка. Вреди да се прослави со пиво, иако по правило спортистите бегаат од алкохолот. Фудбалерите на Силекс до синоќа до доцна во ноќта во хотелот „Кратис“ го славеа експресното враќање во прволигашкото друштво. А за пивото не се секирајте, тоа е со дозвола од шефот Трајче Сенев.


















