gogo

A+ R A-


Песна за Македонија, напишана со чемер и јад од Билјана Обрадовиќ

Сонце, погледни го светот со моето око
и топлина дарувај,
со мојата прегратка секого помилувај,
со моите усни секому насмевка на лице стави,
со моето срце љубов во сите срца вглави
со моите зборови секому кажи:
 Мојот поглед може да милува и жари
мојата прегратка може да гушка  а и камен да свари,
насмевката може да стопли   но и  да пече
зборот мој може да лечи но и  да рече:
Ако си пријател-човек
дојди,
ме имаш за пријател довек.
Ако си нешто помалку од човек
 пред да кренеш врати се
и во зломислите покај се.
 И зборот вели:
-Научете од нас, Македонците, како  земјата своја се сака,
 како својот  народ се милува едноставно
само така,
 рака во  рака,  
 како се дарува срека на целиот свет
и малку од неа се зема за нас, во прстовет.
А ако во тој прстовет рака се стави
Тогаш,
 сонце во сонце се  вглави
венец од Македонци се сплете
од сите страни
така, Македонското сонце Македонецот го брани .  
Не сме од вчера,
не сме без корен
секој ден од една две маки се прават.
Уште колку време треба наместо една
неколку точки да се ставаат?
Сонце, изгрејсонце,
греј секого а патем шепни
 на Запад,  на  јужниот Југ:
-Не сме земја каде може
да го стави секој својот плуг.
Македонија е земја родна
и само за нас е плодна.
Раце назад, до себе!
Секој во својата земја
своите прсти  нека ги гребе.

автор - Билјана Обрадовиќ,

кратовчанка која живее во Црна Гора

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.