gogo

A+ R A-


Пет дупли победи му донесоа на Македонец 160.000 евра во „Моцарт“

tiket-3

Македонските обложувачи се почесто се покажуваат како навистина добри прогнозери на фудбалскита натпревари ширум Европа, а добар пример за тоа се петте добитни тикети кои ги потврди спортската обложувалница „Моцарт“, а кои на еден храбар Македонец му донеле неверојатни 160 илјади евра.

Спортската обложувалница одби да го објави името на добитникот, кој со вложени 100 евра, успеал добро да ги олесни за неверојатни 160.000

евра, што инаку е рекордна добивка во Македонија, а како што јавува „Моцарт“ и една од најголемите во регионот, известува порталот Дерби.мк.

Македонскиот мајстор одиграл пет исти парови на сите тикети (со исклучок на еден), а во сите нив прогнозирал двојна победа на тимот кој според него ја има фаворитската улога.
Виган, Шалке, Авр и Манчестер Сити му го трасирале патот кон големата добивка, а македонскиот обложувач сигурно посебно се тресел на натпреварот меѓу Сасуоло и Рома кој го чекал последен.

„Волчицата“ го доби овој натпревар со 0:2 со гол постигнат во судиското продолжение (на полувреме беше 0:1), но среќниот добитник дефинитивно треба да му биде благодарен на Берарди кој успеа да промаши пенал во 89-та минута од натпреварот.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.