За утре (петок) е закажан концерт на македонска народна и староградска песна со модифицирани елементи од рок, поп и аренби звуци во изведба на музичари и бендови од Кратово и со посебните гости „Кираџи бенд“. Концертот се одржува како музички настан ден пред одржувањето на ЕВРОПСКИ ФЕСТИВАЛ НА ТАМБУРАШКИ ОРКЕСТРИ КРАТОВО 2012 кој ќе се одржи на 7 Јули 2012 година пред платото на Домот на културата „Лазар Софијанов“ во Кратово со почеток од 21 часот. Овој фестивал се организира под покровителство на Министерството за култура на РМ и на Градоначалникот на општина Кратово, а организатор на фестивалот е ЗКУ „Св. Ѓорѓи Кратовски“ од Кратово. На фестивалот ќе настапат повеќе европски тамбурашки оркестри.
Најново
![]() | Денеска | 1220 |
![]() | Вчера | 5315 |
![]() | Оваа недела | 8597 |
![]() | Минатата недела | 31661 |
![]() | Овој месец | 96945 |
![]() | Минатиот месец | 135927 |
![]() | Вкупно | 21150881 |