gogo

A+ R A-


Полицијата го одбележа денот на превенција со кошаркарски турнир во Кратово

Во организација на Министерството за внатрешни работи, а како дел од кампањата „Спорт Да - Дрога НЕ“, вечерва се одржа кошаркарски турнир во спортската сала во Кратово. Терминот за одигрување неслучајно се совпадна со 9 Декември, денот кој полицијата го одбележува како Ден на превенција. На турнирот земаа учество тимови на Полицијата, Градската младина, Средното училиште и Основното училиште.
На настанот присуствуваше и градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски, кој подели дипломи за учесниците на турнирот, како и благодарници за безбедни училишта. Турнирот помина во опуштена атмосфера, со многу дружење и пријателски емоции.

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10153433858578957.1073741897.155289693956&;type=3&uploaded=18
alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.