Поразот од Пелистер и елиминацијата од националниот Куп не ја поматија добрата атмосфера во редовите на фудбалскиот прволигаш Силекс. Во еуфорично расположение, со свечена вечера во ресторанот „Гурман“, фудбалерите на Силекс, стручниот штаб и раководството на клубот ќе стават точка на успешната есенска полусезона, во која обезбедија доволна залиха бодови за мирна пролет. Фудбалерите деновиве ќе одржат уште неколку треннзи, а потоа заслужено ќе заминат на зимски одмор.

















