gogo

A+ R A-


Повредени полицајци и раскрварени „Чкембари“ - видео од тепачката во Кочани

Шест полицајци од Кочани биле повредени по вчерашниот фудбалски натпревар „Брегалница“ - „Пелистер“, откако интервенирале поради нарушување на јавниот ред и мир, соопшти денеска МВР.

Инцидентот го предизвикале навивачи на ФК „Пелистер“ кои на заминување сакале да се пресметаат со навивачи на ФК „Брегалница“. Полицајците кои сакале да го спречат инцидентот, биле физички нападнати од поголем број навивачи. Покрај нив, телесни повреди здобиле и навивачи. Сите се пренесени во Клиничкиот центар Кочани каде им е укажана лекарска помош. Полицијата за настанот привела пет луѓе од Битола.
„Чкембари“ во демант одговорија дека полицијата била брутална и употребила прекумерна сила, а дека инцидентот го предизвикале домашните навивачи. 

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.