Во рамките на проектот " Ние сме лидерки, ние носиме промени во нашите заедници" финансиски подржан од UN Women - Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените, а спроведен од Македонско женско лоби, ДЕСИДЕ, Институт Евробалкан, НВО Сирма како и Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените при Собранието на Република Македонија, има за цел да го зајакне капацитетот на жената од локалната самоуправа.
Под менторство на Татјана Крстевска, советничката Катерина Ковачевска подпомогната од КЕМ (Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените) го изработија проектот “Пилотирање на модел за давање на помош на родители во воспитниот процес на млади девојчиња”, кој веќе започна од 01.09.2014 год.
На 18.11.2014 год. беше одржана работна конференција во хотелот „Александар палас“ на тема „Проценка на резултатите и предизвиците од менторската програма за јакнење на жените во локалната самоуправа“. За таа цел беше направена кратка презентација за севкупната работа на КЕМ на нашата општина како и на преостанатите 21 менторирана општина.
Реализирани активности
- Подготвителен состанок на тимот и менторката
- подготовка на план за реализација
- предлог план разгледан на заеднички состанок на тимот и градоначалникот на општината за негова реализација
- разговор со директорот на ОУ “ Кочо Рацин“
- отпочнување со тематските и стратешките работилници
преку педагогот да се остварат повеќе согледување прилагодување и развивање на заеднички механизми со Локалната Самоуправа и родителите во воспитниот дел на децата во и надвор од училишната средина
•Постигнат договор на дело (привремено вработување на педагог)
Извештајот го изработи советничката Наталија Атанасовска