gogo

A+ R A-


Проект - „Промоција на хумани вредности“ во Кратово

altПроектот “Црвен крст во акција – Промоција на Хумани Вредности” ЦКА-ПХВ е инициран во 1996 година од страна на Црвениот крст на Република Македонија (ЦКРМ) и Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК), со поддршка на Норвешкиот Црвен крст.Главната цел на ЦКА-ПХВ е вклучување на младите со различна етничка припадност во заеднички проекти за изградба на взаемното разбирање, толеранцијата и културата на дијалог.
         Мисијата на програмата ЦКА-ПХВ е промовирање на културата на дијалог, како основен предуслов за градење на интеркултурно општество и промовирање на активно знаење и активен однос кон животот, преку принципите и вредностите на Црвениот крст.

            ЦКА – ПХВ претставува самостоен проект што функционира во рамките на редовните активности на Црвениот крст на РМ , создаден врз основа на локалните обичаи, културни норми и вредности а преку кој годишно по 1200 млади од целата држава, преку локалните канцеларии на Националното Друштво на Црвениот Крст, се обучени како да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата . Тоа е проект подржан од Меѓународниот комитет на Црвениот Крст , Бирото за образование на РМ и Црвен крст на Република Македонија како и од МЦМС .

         Во рамките на активностите на ОО ЦК Кратово во тековната година на крајот на месец јануари поточно на 27.01.2016 година , реализирана е прва дисеминациска сесија со присуство на 30 пријавени младинци од основното и средното училиште од градот, кои ќе бидат дел од мотивираните волонтери кои изработуваат годишно околу 150 (минатата година 192) мали проекти за добробит на заедницата и директна помош на ранливото население . Мали проекти со големо значење за заедницата , проекти што во секој сегмент им помагаат на оние на кои им е најпотребна помош во заедницата во која живеат .

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.