Вработените во средното училиште „Митко Пенџуклиски“ од Кратово традиционалната летна екскурзија годинава ја реализираа во соседна Србија. Врање и Лесковац беа цел на посетата на триесетина професори од Кратово, а прошетката им се поклопи со традиционалната манифестација „Лесковачка роштилијада“. А кога се оди во Лесковац, неизбежни се надалеку познатите „лесковачки плескавици и мучкалици“. Но, подранија еден ден, затоа што следниот ден лесковчани ја направија гигантската плескавица за „Гинис“, тешка 55 кг со пречник од 165 цм и дебелина од 2,5 цм.

















