gogo

A+ R A-


Прогласени победниците на американскиот квиз „Jeopardy“

altВо организација на „Регионалниот центар за одржлив развој“ – Кратово и волонтерите на Мировен Корпус, Алисон Смит и Џејк Шонбергерер, во СОУ „Митко Пенџуклиски “ – Кратово на ден 3 февруари 2015 г. се одржа познатиот американски квиз Jeopardy, наменет за учениците од СОУ „Митко Пенџуклиски“.

Поделени во пет тима, 26 учесника се натпреваруваа во одговарање на прашања од американската култура во следните категории: историја, храна, празници, држави, спорт, алијанси, филм, автомобили, ТВ шоуа и награди.

Квизот се одржа на англиски јазик и истиот се состоеше од два дела: прв (прелиминарен) и втор (финален), на кој учествуваа првите три тима со најмногу освоени поени во првиот дел. Тимот со најмногу поени во вториот дел освои награда – вечера во ресторан.

Победничкиот тим го сочинуваат учениците: Кристина Ивановска, Сара Костадинова, Ивана Коцевска, Стефан Трајков и Никола Мишевски.

Квизот Jeopardy е прва активност на новата програма coeXist (Creating Opportunites for Education X Individuals Sharing Tradition), поддржан од страна на американскиот Мировен корпус Македонија и „Регионалниот центар за одржлив развој“-Кратово. Оваа програма се залага за поддршка на континуирана едукација на младите во Кратово и се заснова на премостување на јазот помеѓу македонскитаи американската култура и традиции, негувањето на млади креативни луѓе главно преку активности на отворено небо, уметноста и историјата.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.