gogo

A+ R A-


Промоција на млади рок и поп-таленти од Македонија и од Бугарија

Здруженијата "Регионален центар за одржлив развој" (РЦОР) од Кратово и Партнери" од Дупница, Бугарија, најавија активности за промоција на млади рок и поп-таленти во рамките на заедничкиот проект "Rock'n Pop the Border".

Од 12 мај до 12 јуни годинава ќе се активира нова веб-сцена за натпревар и промоција на младите рок и поп-таленти од Македонија и од Бугарија. Создавањето на оваа онлајн-платформа е за потребите на проектот и ќе биде активна за пријавување видеозаписи на сите млади музички бендови од двете држави.
http://static.freepik.com/free-photo/guitar-flame-rock-music-vector_91-9040.jpg- Проектната активност претставува реална потреба, бидејќи нема форум за докажување млади автори на рок и поп-музиката како во програмските земји, така и на Балканот - истакна Борјанчо Мицевски, претседател на здружението РЦОР од Кратово.

Тој додаде дека активностите се наменети, пред се, за млади луѓе на возраст од 13 до 25 години, граѓански здруженија, музичкиот бизнис-сектор, како и за претприемачите кои работат во оваа област. Целта на проектот е да се искористат досега неискористените културни ресурси од рок и поп-музиката, како и создавање соодветна сцена за настап, привлекување нова публика. Во таа насока, главни активности се создавањето на онлајн-платформа, гласање на публиката, учество на концерт, избор на најдобрите композиции и одржување на концерт "Rock'n Pop the Awareness" во Куманово на 8 септември годинава. Проектот треба да се реализира до 18 декември годинава, а финансиски е поддржан од Европската унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија со буџет од 82.119.49 евра.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.