ФОТОГАЛЕРИЈА СО 122 фотографии на следниот линк
https://www.facebook.com/155289693956/photos/?tab=album&;album_id=10154773577238957
Многумина во светот се смеат на први април, од срце или иронично, зависно од тоа дали се случуваат шеги на туѓа или на своја сметка. Низ песна, смеење и дружење се одбележа Денот на шегата и во Кратово, каде над 600 деца од основното училиште „Кочо Рацин“ и градинката „Царка Андреевска“ продефилираа низ улиците на градот. Се верува дека обичајот да се шегувате на први април потекнува од Франција од 14 век, a пред тој период се употребувал еден календар во Европа, според кој секоја година почнувала на овој датум.
Во 1564 година, Францускиот крал Чарлс, преземал нов календар и со декрет наредил секоја Нова Година да почнува на први јануари. Многумина го следеле овој кралски декрет, но сепак постоеле и луѓе кои не го почитувале новиот указ и продолжиле да си ја слават Новата година на први април. Наскоро овие луѓе станале мета на исмејување и трикови на нивните пријатели и соседи, само поради тоа што први април го славеле како Нова Година, а пријателите и соседите им испраќале лажни подароци и покани за лажни забави.