gogo

A+ R A-


Репортажа од екскурзијата на кратовските ученици во Будимпешта

Пишува - Билјана Величковска

altЕкскурзија, па уште и во странство, па уште и неколкудневна, колку убаво звучи. Беше сон, но стана реалност. Во попладневните часови на 11.05.2014г. заедно со своите класни раководители и учениците од III година тргнавме на пат кон Будимпешта. Возбудени и среќни едвај чекавме да пристигнеме и да се запознаеме со градот. Додека патувавме застанавме на многу места со цел да направиме мала пауза пред да продолжиме со патувањето. Застанувавме на бензински пумпи, ресторани, но најдолга пауза ни беше кај мотелот ''Предејане'' каде што останавме околу 40мин. Откако продолживме по патот и ги преминавме граничните премини, стигнавме во Будимпешта каде што не пречека водич, кој не прошета низ градот и ни раскажа за неговоти минато и за сегашноста на градот. Најпрвин отидовме на „Плоштадот на хероите“, огромен плоштад со споменици, водичот ни ја раскажа неговата историја и оттука се упативме кон другите знаменитости на градот. Го видовме „Сеченов синџирест мост“ кој ги поврзува двата града Будим и Пешта, Будим замокот, Унгарскиот парламент, бањите...

Се искачивме на едно место за да ја видиме целата панорама на градот. Огромен е, неможе да се опише какво е чувството да си таму. Видовме многу градби, железнички пруги и ред други работи како што се операта, Унгарската кралска палата, слаткарницата Гербеауд... Бевме на ноќно крстарење кое не може да се опише, туку мора да се доживее. Тоа е еден неопислив момент во кој можеш да уживаш, да го гледаш осветлениот град и да го слушаш звукот на реката Дунав. Освен тоа имавме време и за забава, бевме на куглање, а потоа завршивме во хотелот каде продолживме со нашата ''забава''. Имавме време да посетиме и некои трговски центри, посетивме и еден друг мал град Сант Андреа, ја пробавме далеку познатата крем пита од Будимпешта... alt

Ова беше едно прекрасно доживување и за мене и за сите мои сокласници и професори. На враќање кон Македонија не дозволивме да ни биде досадно и продолживме со нашата забава и во автобусот. Во утринските часови во четвртокот (15 мај) пристигнавме на aвтобуската станица во Кратово. Телесно истрошени, но духовно исполнети...

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.