gogo

A+ R A-


Ресторан „Персидо“ - царство на вкусни пици и пастрмајки

altБројот на туристи кои го посетуваат Кратово е се поголем. Едни доаѓаат за да ги видат кратовските кули и мостови, други да го видат Радин мост, трети за да ги слушнат кратовските легенди и преданија. Заедничко за сите нив е што никој од нив не пропуштил можност да ја дегустира на далеку познатата кратовска пастрмајка. А кога сме веќе кај овој специјалитетет, вистинско место да се ужива во неговиот вкус е ресторанот „ПЕРСИДО“, сместен во старото градско јадро на Кратово, во комплексот во кој е сместен и фитнес-центарот „Монстер гим“. Направена од вештите раце на искусни кулинари, со планинско чадено свинско месо, претставува вистинско гастрономско уживање за секој што одлучил да ја проба.
alt За љубителите на италијанските специјалитети, ресторан „Персидо“ подготвува изненадувачки вкусна пица за која многумина се изјасниле дека е најдобрата во регионот. Како главно јадење ресторанот нуди разни видови скара, печено месо, сезонски салати. Понудата на аперитиви е стандардна, а вистинско уживање е да се проба домашна ракија и квалитетно кратовско вино.

Ресторан „Персидо“ организира разни видови прослави и свечености, настојувајќи да им излезе во пресрет на барањата на своте клиенти.
„Персидо“ врши и достава на специјалитети подготвени во ресторанот. Ваше е само да нарачате, а доставувачите во експресен рок ќе ја донесат пратката во Вашиот дом.
altПерсоналот на ресторан „Персидо“ ви ги честита празниците и Ве поканува да ги посетите. Не пропуштајте да ја дочекате Стара Нова година на 13 јануари во ресторанот „Персидо“, во одличен амбиент со вкусна храна и убава музика. Кој еднаш бил, повторно се вратил.

 Адреса:    ул. „Страхил Досев“ бр.13А - Кратово
Резервации:    070 470 172

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.