gogo

A+ R A-


РРОМА го одбележа Светскиот ден на борбата против СИДА-та

altРегионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација денеска го одбележуваше 1-ви Декември, светскиот ден за борба против СИДА-та. Младите на РРОМА преку јавни акции во повеќето општини од регионот меѓу кои и општините Кочани, Виница и Берово делеа перзервативи и флаери со информации за оваа опасна болест.
Целта на овие акции е да се подигне свеста кај населението од опасностите кои демнеат од оваа болест, која загрижувачки е во пораст. Како за информација, годинава во Македонија се забележани 20 нови случаи. 12 од новозаболените се болни од СИДА, а 8 се инфицирани со ХИВ-вирусот.
Во Македонија има регистрирани 166 лица заболени од СИДА. Но, состојбата на терен е алармантна бидејќи според истражувањата кои ги спроведуваше РРОМА на терен, 8 од 10 лица одбиваат да направат ХИВ-тест. А, границата на младите за стапување во сексуални односи е спуштена на 14 години.alt
Повикувајќи се на слоганот на кампањата „СИДА-та не знае да дискриминира ... Заштити се!“, РРОМА апелира до сите граѓани да се заштитат и направат тест, доколку имале ризично однесување.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.