Сара Маневска, ученичка во втора година во средното училиште „Митко Пенџуклиски“, постигна огромен успех и наскоро ќе го претставува училиштетото на географската Олимпијада во Кина.
Во сабота на 30.10.2021 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, се одржа селекционен натпревар по Географија за Олимпијадата IESO 2022, а на натпреварот од нашето училиште учествуваа ученичките кои на Државниот натпревар освоија I-во место - Мартина Јовановска и III-то место - Сара Маневска. Од вкупно 9 пласирани учесници од нашата држава, нашите ученички постигнаа високи резултати. Сара Маневска со освоени 85 поени и како второ пласирана влезе во тимот од четворица ученици кои ќе ја претставуваат нашата држава на Олимпијадата во Кина. Ученичките се под менторство на професор Билјана Крстевска.

