Во холот на средното училиште „Митко Пенџуклиски“ во Кратово, денес се одржа традиционалнот новогодишен базар. Оваа активност на учениците е во рамки на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, кој има за цел зајакнување на врската родител-ученик-наставник.
Проектот предвидува постигнување на целта преку заеднички активности во училиштето, односно преку организирање спортски, културни, забавни и едукативни активности во кои ќе учествуваат родителите, учениците и наставниците.
„Родителите, наставниците и учениците изработуваа сувенири, кои беа изложени во училишниот хол и истите беа продавани. Паричните средства од продадените сувенири ќе се искористат за хуманитарни цели“- велат Марија Петрова и Александра Трајковска, ученички во СОУ „Митко Пенџуклиски“.
Се одржа новогодишниот хуманитарен базар во „Митко Пенџуклиски“
Најново
![]() | Денеска | 70 |
![]() | Вчера | 2180 |
![]() | Оваа недела | 4729 |
![]() | Минатата недела | 32439 |
![]() | Овој месец | 78654 |
![]() | Минатиот месец | 847250 |
![]() | Вкупно | 22130953 |