gogo

A+ R A-


Се ожени екс-играчот на Силекс, Младен Ристиќ

Екс-играчот на Силекс, Младен Ристиќ, реши да му стави крај на ергенскиот живот. Пред две недели 30-годишниот Србин потпиша договор, овојпат доживотен, за верност кон својата избраничка Милица Плавшиќ.

-Дојде време да се приберам и да започнам семеен живот. Минав прекрасен период од животот во Кратово, потоа извесен период бев во сараево, за да минатата сезона станам шампион на Мјанмар со клубот Јангон. Сега се вратив во Слога Краљево, пред две недели се оженив со нишлијката Милица и најверојатно ќе живееме во Ниш - ни изјави Младен.

Порталот „Аберџија“ им го честита бракот и им посакува да си имаат многу дечиња.

alt

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.