Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Џон Тошак ненајавено пристигна на вчерашното дерби во Кратово и изгледа 20-тина минути од првото полувреме и тивко си замина. На денешниот прес во Скопје изјави дека бил разочаран од квалитетот на домашното фудбалско првенство, но и од терените на кои се играло фудбал низ земјава. Но, затоа мора да биде презадоволен од гостопримството на домаќините, посебно од градоначалникот и член на Управниот одбор на ФФМ, Мите Андоновски, кој домаќински му понуди винд-јакна на премрзнатиот Велшанец, кој очигледно не ја знае разликата меѓу скопската и кратовската клима. Да потсетиме дека Тошак стана селектор на Македонија најмногу по заслуга и по препорака на градоначалникот Мите Андоновски.
Селекторот Џон Тошак го гледаше дербито во Кратово
Најново
![]() | Денеска | 1589 |
![]() | Вчера | 2031 |
![]() | Оваа недела | 3620 |
![]() | Минатата недела | 17428 |
![]() | Овој месец | 94973 |
![]() | Минатиот месец | 847250 |
![]() | Вкупно | 22147272 |