gogo

A+ R A-


Шефе, ќе ти подариме дупла победа за роденденот!

Човекот што дефинитивно го прероди Силекс и од еден просечен и релативно неискусен тим, направи состав за респект, денес слави роденден. Битолчанецот Зоран Штерјовски денес полни 39 години, далеку од своето семејство, но во кругот на своето второ семејство, фудбалскиот колектив Силекс. Не знаеме дали секогаш „ладнокрвниот“ на клупа Штерјовски нарачал торта, но знаеме дека играчите на Силекс му подготвуваат подарок каков ниеден тренер не може да одбие. Триумф над Тетекс (утре) и неговиот Пелистер (недела, и двата меча во Кратово) би бил најпосакуваниот подарок за Зоки, кој би го вивнал клубот можеби и на лидерската позиција, во случај Вардар да киксира барем еднаш во следните две кола.
Е па, шефе, уживај во овие убави мигови од животот!!!

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.