gogo

A+ R A-


Шпанскиот фудбалер од Вардар, Хорхе Хименез, импресиониран од Кратово


altИграле Бразилци, Нигеријци, Хрвати, Срби, Албанци, Бугари и неколку интернационалци од Гана, но се до почетокот на новата сезона во македонската Прва фудбалска лига атмосферата на стадионите и незгодните гостувања во Тетово, Кратово и Битола ги немаше почувствувано ниеден интернационалец од Шпанија.

Честа прв да ја брка бубамарата" на терените низ Македонија ја има напаѓачот на актуелниот шампион Вардар, 27-годишниот Хорхе Хименез Артуњедо, кој може да се пофали дека потекнува од фудбалското училиште на Валенсија, а има настапувано и за неколку познати шпански второлигаши.

Додека играл за вториот тим на Валенсија, имал можност да соработува со сега светски ѕвезди и репрезентативци на Шпанија - Давид Силва, Раул Албиол, Габилан, Пабло Ернандез.
- Првите фудбалски чекори ги направив во дресот на Валенсија. Ја имав таа среќа да играм покрај Силва, Албиол, Габилан, Ернандез, а не тренираше Луис Мила. Играв и за репрезентацијата на Шпанија до 16 години. Немав среќа, лош момент за мене, требаше да се надигрувам со многу добри фудбалери. Едноставно, немаше место за мене во првиот тим на Валенсија. Сакам многу да менувам, сакам да играм за различни клубови, да посетувам различни градови, но никогаш не сум останал на едно место повеќе од една година, изјави Хименез.
Освен на Валенсија и сега на Вардар, Хорхе го има носено и дресот на шпанските клубови Бенидром, Баса, Олимпик од Чатиба, Пузол, Денија, Алкојано и на Леида.

Напаѓачот на Вардар откри дека е пријатно изненаден од Македонија, од луѓето, македонската кујна и од малите, но прекрасни гратчиња.
- Имам убави впечатоци. Тешко ми беше на стартот, бев сам, не го знам македонскиот јазик, а имам и мали проблеми со англискиот. Сега учам по малку, подобро се чуствувам. Македонија е поразлична од Шпанија, многу ми се допаѓа, луѓето се многу пријатни, љубезни и се изненадени кога ќе слушнат дека јас сум Шпанец и играм за Вардар. Најмногу ми се допаѓа Скопје, а убави се и Кичево, Штип и Кратово. Не сум бил во Битола. Мали, стари гратчиња. Не сум бил и во Охрид, а убави работи сум слушнал за Струмица, изјави Хименез.

www.vecer.com.mk

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.