gogo

A+ R A-


Сител најгледана национална ТВ, К3 втор најгледан регионален канал

http://zurnal.net/wp-content/uploads/2016/02/Alfa-Kanal5-Sitel-AlsatM-Telma-N.jpgСпоред податоците за досегот на радиостаниците и телевизиите за уделот во вкупната гледаност - прв квартал 2016 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најгледани ТВ канали на територија на Македонија се националните ТВ канали Сител со просечен дневен досег од 37,29% и Канал 5 со просечен дневен досег од 31,54%. По нив следуваат ТВ Телма со 18,71% и ТВ Алсат-М со 16,33% просечен дневен досег.
Помеѓу регионалните ТВ канали, најголем неделен досег во својот радиодифузен регион во првиот квартал од 2016 година остварува КТВ (15,4% од популацијата во регионот Д1 Велес), К Три (10,9% од популацијата во регионот Д2 Страцин), Стар ТВ (15,9% од популацијата во регион Д3 Туртел), ТВ Вис (14,1% од популацијата во регион Д4 Боскија), ТВ Тера (14,7% од популацијата во регион Д5 Пелистер), ТВ О2 (17,4% од популацијата во регионот Д6 Мали Влај), ТВ Канал Три (25% од популацијата во регион Д7 Стогово), ТВ Коха (38,3% од популацијата во регион Д8 Попова Шапка), додека досегот на најгледаната телевизија ТВ ЕРА во регион Д1 Скопје е 6,9%.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.