gogo

A+ R A-


СКАНДАЛ во Србија: Еве како се мести ЛОТО (ВИДЕО)

Гледачите со свои очи можеле да видат во директниот пренос, како на екран излегува број, кој сè уште не извлечен од барабанот.

Loto nameštaljka, 59. kolo

Неколку милиони Срби, како и играчи од соседните земји, вчера биле сведоци на сомнителното извлекување на броеви во играта на среќа Лото, на државната лотарија на Србија! Станува збор за 59. коло, кое вчера предизвикало сомнение дека станува збор за местенка.

Гледачите со свои очи можеле да видат во директниот пренос, како на екран излегува број кој сè уште не извлечен од барабанот.

Конкретно, по првите три броја, 4,33 и 12, извлечен бил бројот 27, а на екранот се појавил и бројот 21, кој всушност бил извлечен како петти во низата.

Тоа не било сè. Дополнителна причина за сомнеж дека извлекувањето не е регуларно, било однесувањето на водителката, која цело време била збунета и не успеала да влезе во траг на редоследот според кој броевите биле извлечени.

Најдобро е да погледнете и да процените сами…

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.