gogo

A+ R A-


Со поддршка од Владата ќе се гради бањски комплекс во с.Вакав

altДо крајот на годината ќе биде поднесен нов закон за бањи и ќе се распишат постапки за отуѓување земјиште за изградба на бањи, соопшти владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.

Ќе се градат бањи во Виница за локалитет Истибања, во Пробиштип за локалитет Добрево – Злетово, во Дебар за бања Бањиште, во Штип за Бања Кежовица, во Струмица за Бања Банско и во Кратово кај селото Вакув за спортско-рекреативен и бањски комплекс.

Според него, три нови локации ќе добијат концесионери за искористување на водите кои може да се употребат за бањски туризам, Проевце – Куманово (Кумановска Бања), Кежовица – Штип и Стрновец, Кумановско.

По добивањето на педолошката карта за Македонија ќе се определат и нови локации за детални геолошки истражувања кои треба да покажат дали има можност за искористување термални и минерални води што ќе бидат понудувани во втора фаза на концесиско искористување.

“Со сите овие мерки Владата ќе даде значителна поддршка за развој на бањскиот туризам, формирање спа-центри и можности за локален економски развој, како и  подобрување на услугата за бањско лекување, нови облици на туристичка рекреација и вработувања во капацитетите“, рече Ѓорѓиев.alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.