На карпа во локалитетот “Цоцев Камен“, што се наоѓа во кратовското село Шопско Рударе, се забележани длапки со распоред ист или сличен на распоредот на ѕвездите од соѕвездието Плејада. Ова несекојдневно откритие случајно го забележаа студентите од Филолошкиот факултет при
универзитетот “Гоце Делчев“, Штип за време на научната теренска настава по предметот Македонска палеолингвистика, предводени од професорот Душко Алексоски.

Ова значајно откритие на македонскиот центар за карпеста уметност во соработка со студентите од областа на македонското праисториско наследство ја комплетира сликата за овој значаен археолошки локалитет, а Македонија повторно се потврди како еден од најзначајните праисториски културни и духовни центри на планетата земја.
Ваквата формација на длапките е најкомплетна претстава за овој вид соѕвездие. Правецот на поставеноста на длапките изработени врз карпата, одговара на правецот на поставеноста на соѕвездието Плејада во вселенскиот простор.
