Од страна на ученичката заедница, со цел одбележувањето на Денот на Граѓанското образование (27 Декември), беше спроведена дебата на тема „Корупцијата (не) ја подрива демократијата, владеењето на правото и човековите права“.
На дебатата се аргументираа ставови за позитивната и негативната страна на корупцијата.
Воедно, се презентираше и исходот од претходната ученичка иницијатива „Спортски дух и просторна ориентација“, со која се обележа отвореното спортско игралиште за ракомет, фудбал и футсал. Во организацијата и спроведувањето беа опфатени сите класови од училиштето, под менторство на ученичкиот тим за реализација на ученичка иницијатива.

