gogo

A+ R A-


Среќа искажана и од најмалата брчка на бабиното лице

 Проектот е изработен од страна на ученици од Кратово вклучени во програмата “Црвен крст во Акција - Промоција на хумани вредности” (ЦКА-ПХВ)

http://img.photo-forum.net/site_pics/114/r_1282502230_baba4950.jpgИзработиле:

1.Тамара Јаначкова-лидер

2.Марија Стаменковска

3.Бојана Тимова

4.Глигор Велковски

5.Никола Јовановски

Дисеминатор: Рада Зафирова

Потик Во нашата општина Кратово има многу стари и изнемоштени лица, а меѓу нив и една баба од Кнежево. Сакавме да ја видиме огромната насмевка на ова лице, да овозможиме да ги види своте внуци и син кои се во Австралија и ги нема видено 7 години, како и да собереме парични сретства со што ќе ги купиме потребните работи.

Остварени резултати: Собрани 20.700 денари од кои е купени половен телефон, телевизор и неопходните средства за потребите на старата баба од село Кнежево во Кратовско , и најважно и беше овозможено да си ги види своите син и внуци преку скајп.

Реализација: Четврток 12.05.2015год. 8 часот Денот кој со нетрпение го очекувавме конечно пристигна. Како што се ближевме кон селото, така се исполнуваа нашите срца. Некој од нас никогаш го и немаа посетено ова село што им беше големо задоволство. Не пречека насмеаната бабичка која не прими во својот дом и ни ги стопли срцата. И го предадовме телевизорот, телефонот и неопходните работи на бабата. А најважното што и го овозможивме е да си ги види својот син и внуци на скајп. Таа предложи да ни раскаже неколку приказни од нејзиниот живот а ние со задовоство altприфативме да ја ислушаме. Бабата беше многу среќна и задовално , а воедно и ние. Добивме многу пофалби од нејзина страна и успешно ја испративме нашата порака за хуманоста. Хуманоста треба да биде една од најголемите доблести на секој човек. После завршувањето на проектот сите членови од тимот бевме многу задоволни со постигнатиот успех. Во текот на подготовката и реализацијата на проектот вложивме многу труд, креаивност и љубов но она што ни се врати беше многу поголемо. Среќа искажана и од најмалата брчка на бабиното лице. Свативме и дека независно колку сме млади сепак има нешто што можеме да го паправиме за другите, и дека можеби не можеме да го промениме светот комплетно, но секако дека со здружени сили можеме да го направиме поубаво место за живеење, барем за некого.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.