Вкупно 18.370 пријавени кандидати во оваа учебна 2013/2014 година утре ќе полагаат мајчин јазик, прв од четирите матурски испити, неопходни за продолжување на образованието на некоја од високообразовните институции. На 11 јуни матурантите ќе полагаат англиски, француски, германски или руски јазик, на 13 јуни математика, естетика и филозофија, а на 16 јуни испитите по хемија, физика, биологија, историја и бизнис.
Интерните испити ќе се полагаат во термини утврдени од училишната матурска комисија на предлог на соодветните предметни комисии и тоа во период од 16 до 30 јуни во јунски испитен рок и од 18 до 23 август во августовски испитен рок.
„Годинава матурантите полагаат според новиот концепт за државна матура, односно т.н. 1+2 модел, кој предвидува полагање три екстерни и еден интерен предмет. Покрај мајчиниот јазик, кој е задолжителен екстерен предмет, кај другите два екстерни предмети постои можност за избор. Првиот се избира од два општообразовни наставни предмети и тоа математика и странски јазик за учениците од гимназиско и средно стручно образование, односно странски јазик и естетика или филозофија за учениците од средно уметничко образование. Кај вториот екстерен предмет со право на избор ученикот одлучува од понудената листа на предмети од општествената и природната група“, рече на денешната прес-конференција министерот за образование и наука Спиро Ристовски. Прелиминарните резултати од екстерните испити на кандидатите ќе им бидат достапни најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит. Министерот информира дека годинава, во споредба со лани, е зголемен бројот на кандидати кои избрале да полагаат математика што, како што истакна, можеби е показател за зголемениот интерес кај матурантите да го продолжат образованието на некои од техничките факултети.
Стартува државната матура, прво ќе се полага мајчин јазик
Најново
![]() | Денеска | 4349 |
![]() | Вчера | 8164 |
![]() | Оваа недела | 19890 |
![]() | Минатата недела | 31661 |
![]() | Овој месец | 108238 |
![]() | Минатиот месец | 135927 |
![]() | Вкупно | 21162174 |