Тајванските власти неодамна забранија деца под двегодишна возраст да користат електронски уреди како што се таблети, телевизори и паметни телефони, пишува во денешното издание на Нова Македонија.
Родителите и старателите се соочуваат со парични казни од над 70.000 денари ако се утврди дека на нивните деца им дозволиле да ги користат електронските производи. Освен тоа, децата што се постари од две години имаат право само половина час да седат пред лаптоп или таблет.
Оваа мерка властите ја презеле за да се намалат проблемите со спиењето кај децата, со недостигот на внимание, појавата на бес, па и депресијата. Мерката се базира и на резултатите од истражувања, според кои, 7,1 отсто од населението во Азија се зависници од Интернет.
Нашите психолози, пак, сметаат дека родителите мора да имаат контрола и дека мора да ја ограничат употребата на овие уреди.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=217151616367&;id=9&prilog=0&setIzdanie=23398