gogo

A+ R A-


Тенискиот клуб во Кратово доби опрема за играње со донација од 1.700 долари

altКратово веќе 3 години има тениски терен од проектот 120 тениски терени на Агенцијата за млади и спорт. А денес, благодарение на љубителите на тенисот, беа донирани $1700 за тениска опрема.

Спонзорството беше преку crowd-funding, поконкретно Indiego https://www.generosity.com/sports-fundraising/kratovo-tennis-clubИницијативата беше потикната од Сашо Јовановски, а прибирањето на средставата преку crowd funding беше спроведено од страна на Алисон Смит, волонтерка на Мировен Корпус во Кратово (во здружението „Регионален центар за одржлив развој“ - Кратово). Во текот на неколку месеци (ноември - мај) беа донирани овие парични средства. Сите пари беа искористени за набавка на тениска опрема (21 рекет од различен тип - рекративни, јуниорски, професионални, 300 топчиња, торби за рекети, корпи за топчиња и грипови).

Целта на денешниот настан беше промоција на акцијата и доделување на опремата на тенискиот клуб Кратово, како и да се даде до знаење до сите заинтересирани за можноста за играње тенис во Кратово.

Донирањето преку Интернет е интересна можност и за други клубови да добијат парична помош затоа што низ светот постојат луѓе кои сакаат да донираат.

http://mktenis.mkalt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.