
Светски познатиот топ-модел Катарина Ивановска го искористи разничниот викенд на кратко Милано, Њујорк и Париз да ги замени со Кратово. Ако судиме по нејзините коментари, Кратово и локалитетот Куклица силно ја импресионирале, па најтопло им ги препорачува на своите пријатели. Воодушевена од старите градби, реката, недопрената природа, како и од камените кукли кај селото Куклица, таа прикачи низа фотографии на социјалните мрежи.


















