gogo

A+ R A-


Топ совети како да ослободите меморија на смартфонот

smartfon sodrzini

Денешните смартфони имаат голема меморија, но поради големиот број на апликации, високо-квалитетни фотографии и музика, секогаш ни недостасува уште по некој мегабајт повеќе. За таа намена ве советуваме да ги избришете старите фотографии што не ви се допаѓаат, видеата и скриншотовите. Тоа ќе ви заштеди многу место, со оглед на тоа што камерите сега се понапредни и резолуцијата на фотографиите е се поголема.
Префрлете ги фотографиите и видеата на компјутерот или во cloud сервисот. Google Photos е одлична апликација за ова, со оглед на тоа што нуди неограничен простор за складирање на слики во ниска резолуција, но таа е доволно добра за чување на спомени.
HTC-Desire--828
Избришете ги апликациите што не ги користите, сигурно имате некоја игра или апликација што само еднаш сте ја вклучиле. Користете стриминг сервиси како што е Google Music, преку кои може да слушате музика преку интернет, затоа нема да имате потреба да ги чувате омилените песни во телефонот. Последниот совет е да ги префрлите вашите податоци на мемориската картичка доколку телефонот има поддршка за тоа и доколку ја имате.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.