gogo

A+ R A-


Трет дел од војничките премрежија на генерал Стојанче Ангелов: Хорор во шок-соба

altГрозница

Првото утро во шок-соба. Болката постепено стануваше неподнослива. Не можев повеќе да издржам. Одеднаш ми стана ладно. Многу ладно. Ме обви студена пот. Почнав да се тресам. Имав чувство како да потскокнувам во креветот. Погледнав, ниту една сестра не беше во моја близина. „Тетке, подај ми некое ќебе“, со слаб, испрекинат глас ја замолив мајката на тешко ранетиот Оливер, која плачејќи стоеше пред мојот кревет додека нејзиниот син лежеше полумртов во соседната просторија.

Челичната д-р Зорка Николова

Една од сестрите ја забележа мојата реакција и викна. Во истиот миг до мене се појави директорката на шок-соба (КАРИЛ) д-р Зорка Николова. Убава средовечна жена, строга и дисциплинирана, врвен анестезиолог и одличен психолог. Ја знаев од претходно, последните дваесетина дена пред да бидам ранет секогаш кога ќе можев одев во шок-соба во посета на Александар Серафимов и Дејан Копчаревски, и двајцата тешко ранети во една од борбите во Матејче. Александар беше погоден со шрапнели од граната во пределот на главата и рамото. Ситен шрапнел колку зрно ориз пробивајќи се низ работ на окото, таму каде што започнува носот, му се забил директно во мозокот. Лежеше несвесен, во критична состојба. Наспроти неговиот кревет лежеше Копчарот, на кого гранатата безмалку му ја скина раката во пределот на подлактицата, но неколку шрапнели завршиле и во неговиот стомак, поради што со оперативен зафат му беа отстранети слезината и дел од цревата.

Д-р Николова им се чудеше на нашата младост и пожртвуваност. На нас гледаше како на деца. Како на нејзини деца. Ѝ изгледавме премлади за војување. А и навистина бевме млади. Јас со 29 години, Копчар тука некаде колку мене, а Александар едвај 21 година. Пред да ме ранат, во неколку наврати директорката ме покани во нејзината канцеларија. На неа ѝ изгледаше нестварно. Луѓе што преку ден се борат против УЧК, луѓе што преку ден убиваат, луѓе што преку ден ризикуваат да бидат убиени, навечер, испотени и извалкани, доаѓаат да ги ѕирнат своите тешко ранети колеги и да прашаат за нивната состојба. Како заменик-командант ја имав можноста да зборувам со неа. Неколку пати разговаравме долго. Во детали ми ја опишуваше состојбата на критично ранетите „Тигри“. Ми објаснуваше за колку тешки повреди се работи и колкави се нивните шанси да останат живи.

целата сторија на http://www.mkd.mk/kolumni/hororot-vo-shok-sobata-3

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.