gogo

A+ R A-


Тридневна фотосесија во Кратово на фотографи од Македонија и Бугарија

Во рамките на проектот за меѓугранична соработка меѓу општините Кратово и Гоце Делчев од Бугарија преку проектот „Подобрување на квалитетот на живот преку промоција и развој на културните ресурси во регионот ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ-КРАТОВО и создавање на атрактивен културен центар“,
следните три дена во Кратово и неговата околина ќе се организира Фотографска работилница, преку која ќе се фотографираат културно историските знаменитости на Кратово, природните реткости и староградската и селската архитектура. На оваа работилница учество ќе земат по 10-тина фотографи аматери и професионалци од Бугарија и од градот домакин Кратово. Фокусот на нивните камери ќе има за цел да ги промовира културните вредности на Кратово. Слична таква работилница се одржа и во градот Гоце Делчев пред еден месец. Од најдобрите фотографски остварувања ќе се подготви изложба на 30 фотографии во голем формат која ќе биде прикажана во изложбените салони на културните институции на регионот во Македонија и Бугарија.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.