Учениците од втора година (угостителско-туристичка струка) организираа еко-акција во среда на локацијата „Карши Бавча“, место Амфитеатар. Со овој настан учениците од СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово, во соработка со училиштето и локалната самоуправа на општина Кратово, сакаа да ја подигнат свеста на локалното население околу јавната чистота и екологија во градот.



















