gogo

A+ R A-


Уште еден „џамбо-патлиџан“ во Кратово, доби прекар „градоначалнички“

alt

Откако минатата недела порталот www.aberdzija.com ја објави веста за џиновскиот домат од 1.3 килограми произведен во Кратово, денеска наш читател ни испрати фотографија од уште еден „џамбо-патлиџан“ произведен во нашиот град. Вредните домаќини Богица и Добре Ивановски од населбата „Мусала“ викендов скинале домат тежок 1 кг и 100 грама, каков досега никогаш немале во нивната градина.

Бидејќи бабите и дедовците секогаш сакаат да им угодат на зетовците, така и овојпат честа прв да ја проба салатата од гигантскиот патлиџан ја имаше градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски, кој е зет во семејството на Ивановски. Соседите на Ивановски дури и побарале „семе“ од популарниот „градоначалнички“ домат, надевајќи се на богат род догодина.alt

 

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.