gogo

A+ R A-


Вечерва ќе ја набљудуваме најголемата месечина во последните 70 години

Феноменот познат како Суперлуна, ќе го достигне својот врв малку пред полноќ вечерва, а најубаво и сликовито ќе може да се види од Северна Америка.

Суперлуната ќе го достигне зенитот во Азија и Јужниот Тих Океан подоцна вечерта, пишува “Асошиејтед прес”.

Месечината ја обиколува Земјата во сферична орбита. Вечерва ќе можеме да уживаме во убавата појава, бидејќи небесното тело во моментов се наоѓа во најблиската точка од орбитата до нашата планета. За последен пат на ова место Месечината била во 1984 година.

Суперлуната сепак ќе има и ефект врз природата. Се очекуваат посилни од вообичаеното плими, проследени со длабоки осеки следното утро. Гледачите ќе можат да очекуваат да ја видат месечината 14% поголема во дијаметар и околу 30% посветла.

Толку големо и светло небесното тело ќе биде повторно по 18 години. Во 2023, пак, ќе го видиме уште поблиску, на растојание од “само” околу 356 000 км.

фото - Оливер Арсовски

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.