Во рамките на „Кратовско културно лето“, вечерва на платото пред Домот на културата во Кратово ќе се одржи концерт на „Трио Дријада“ од Скопје. Настанот започнува во 20 часот. Гостите ќе изведат неколку чардаши и преработки на македонски фолклорни композиции.

















