Во име на вработените на Медиа Принт Македонија (издавач на Вест, Дневник, Утрински, Македонски спорт и Теа Модерна) наградата ја прими Виктор Доневски, извршен директор во компанијата. МПМ е добитник на престижната награда за развој на филантропски практики за
медиум во организација на Центарот за институционален развој (ЦИРА). Меѓу добитниците кои дале особен придонес на полето на филантропија и општествена одговорност се и Комерцијална Банка, Алкалоид Скопје, Тинекс, ОНЕ Телекомуникациски услуги и други, кои според овој центар покажале особен интерес и вложување во вредностите како солидарност, почит, етичност и хуманост. Виктор Доневски, извршен директор во компанијата, изјави дека и во иднина ќе ја подржуваат филантропијата и ќе помагаат таму каде што е најпотребно, кај ранливите групи на граѓани.