gogo

A+ R A-


ВЛАТКО И ЗОРИЦА ГО СНИМИЈА СПОТОТ ЗА ДУЕТОТ "МОЕТО СРЦЕ ЧУКА ЗА ТЕБЕ"

Дуетската песна насловена "Чука чука моето срце" која ја отпеаја Влатко Алексовски и Зорица Георгиевска деновиве се здоби со свој спот, пишува порталот Естрада плус.

 "Спотот се снимаше на повеќе локации низ Маврово, во луксузниот хотел Радика. Тоа е една љубовна приказна која се надевам дека ќе им се допадне на гледачите кога ќе излезе спотот, добра комбинација сме кога е во прашање моето искуство и нејзината младост." - вели Влатко.

Се работи за високобуџетен спот за кој беа изнајмени претседателските апартмани од хотел Радика.  Во спотот освен тие двајца се јавува и шарпланинец.

Инаку Влатко во идниот период најавува уште три спотови до крајот на оваа година и промоција на нов ЦД албум, додека пак Зорица најавува нов спот за нејзината авторска песна "Милувај ме".

alt

alt

alt

alt

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.