gogo

A+ R A-


Во Кратово се одржа базар и работилница за занаети

ERASMUS+: ,,По стапките на нашите баби" - базар и работилници за занаети на плоштадот ,,Павел Шатев" во Кратово.
СОУ ,,Митко Пенџуклиски" во соработка со СУГС Гимназија ,,Јосип Броз Тито" од Скопје реализира настан со работилници и базар на којшто се претстави македонската и кратовската култура. На настанот се стави акцент и на реупотребувањето на материјали кои би завршиле во отпад. Посетители на работилниците беа средношколци од училишта од Полска, Италија, Грција и Романија, како и други туристи кои во моментот беа во Кратово. На гостите им беше направен туристички разглед на Кратово, а потоа се приклучија на работилниците кои во најголем дел беа предводени од нашите ученици (гимназиско образование и секторот угостителство и туризам) под менторство на професорите: Драгана Андреева Јакимова, Радица Георгиевска, Сашо Миревски и Младен Мицевски.
Работилниците беа за: подготовка на компот, шиење, сукање на традиционален зелник, к'цање на сол, резбање, плетење, ткаење, изработка на декоративни килими, размена на накит, како и за играње на традиционално македонско оро. Покрај тоа за продажба беа изложени: к'цана сол, леб од фурна, домашно подготвена зимница и сирење, плетени и ткаени рачни изработки, сувенири и декоративни елементи, изработки од дрво. Целиот настан беше надополнет со дегустација на традиционална храна од Кратово.
Учениците покажаа огромна професионалност и креативност, така што може само да се гордееме со нив.
Благодарност до сите кои го поддржаа овој настан меѓу кои: Општина Кратово, Дом на култура ,,Лазар Софијанов", Музеј на град ,,Кратово", КУД ,,Ефрем Каранов", Етно куќа ,,Шанчева", Фурна ,,Утринска ѕвезда", Дневен центар за лица со посебни потреби, ПСОН Кратово, Хотел ,,Кратис" и Гостилница ,,Кај Спиро".
alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.