Неговите фотографии, на кои се прикажани животните од Зоолошката градина во Скопје, Нешнал џиографик неколкупати ги прогласуваше за фотографии на неделата, а беа објавувани и во рубриката "Дејли доуз". Кога ги гледате неговите фотографии, имате чувство дека сте во дивината и дека животните од фотографиите се проѕеваат, се тепаат и се сакаат пред вашите очи. Таква експресија има на нивните лица што човек ќе помисли дека за да се направи толку моќна фотографија биле потребни недели. Горан Анастасовски е „виновникот“ што стои зад овие мали уметнички дела. Леопарди, тигри, лавови, мајмуни, мечки, рисови, срни, волци, но и птици и портрети на природата - неговите фотографии се толку моќни што и Нешнал џиографик неколкупати ги прогласуваше за фотографии на неделата.
- Од 2006 година почнав активно да фотографирам. Во фокусот главно ми се природата и дивиот животински свет. Истата година моја фотографија беше објавена на цела страница во престижното списание за фотографија „Дигитал камера ворлд“. Така почна сѐ. Мотивацијата ми стана уште поголема, а фотографирањето ми стана хоби и опсесија. Следната година истото списание ми објави уште една слика - раскажува Анастасовски, инаку кратовчанец по потекло.
Волшебниот свет на животните низ фотообјективот на Горан Анастасовски
Најново
![]() | Денеска | 817 |
![]() | Вчера | 3204 |
![]() | Оваа недела | 4021 |
![]() | Минатата недела | 25257 |
![]() | Овој месец | 62343 |
![]() | Минатиот месец | 118493 |
![]() | Вкупно | 20641395 |