gogo

A+ R A-


(Вон)земјанинот Ли - документарец за ексцентричниот штипјанец Мики Ли

alt

Филмот е документарен портрет на Мики Ли Трајчевски од Штип, познат како интергалактички посредник помеѓу штипјани и вонземјаните. Мики живее водејќи се по идеологијата на Брус Ли и зборува неколку светски јазици.

Филмот ги документира навиките на овој необичен човек, ослободен од незначајноста на материјалните нешта. „(Вон)земјанинот Ли“ во ноември доби награда за најдобра монтажа на документарен филм на фестивалот Delhi Shorts International Film Festival во Индија. Досега беше прикажан на повеќе интернационални фестивали и е вклучен во програмата „Post YU crni talas dokumentarnog filma”.

Документарниот филм е дипломска работа на Сашко Потер Мицевски, кој е режисер и монтажер на филмот. Тој дипломирал на Катедрата за филмска и ТВ-монтажа на Факултетот за драмски уметности, а оваа година го продолжи образованието на постдипломски студии во Англија. Директор на фотографија на неговиот филм е Наум Доксевски, а извршен продуцент Илија Циривири.

Филмот е во продукција на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а е поддржан и од продукцијата „Квазар филм“.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.