gogo

A+ R A-


Заврши евтиниот бран, бензинот повторно поскапува

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги зголеми цените на нафтените деривати. Дизелот е поскап за 2,5 денари, а бензините за 3-3,5 денари по литар.

altСогласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) од денес малопродажната цена на Еуросупер БС-95 изнесува 62 денари за литар, на Еуросупер БС-98 64 денари по литар, додека Еуродизелот (Д-Е V) се продава по цена од 51 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се продава по цена од 39,50 денари за литар, зголемување за 2,5 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС е зголемена во однос на предходната цена и изнесува 23,456 денари за килограм.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.