gogo

A+ R A-


Збор си е збор, Моцо избричен до кожа

altКога се дава ветување, мора да се одржи зборот. Стратегот на Силекс, Момило Митевски - Моцо, за максимално да ги мотивира своите играчи во трката за настап во европските купови, им вети дека ќе си ја избричи главата доколку освојат четири бода против Работнички и Ренова. Фудбалерите се држеа до договореното, а денес и Моцо се појави со нов имиџ, со избричена глава. Големиот тренер докажа дека е човек од збор, а сега на ред е играчите да ја задржат третата позиција до крајот на сезоната и да покажат дека по Вардар и Шкендија, кратовци се третиот најдобар состав во лигата.

фото - Македонски спорт

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.