Половина од граѓаните во Македонија би се вакцинирале против вирусот Ковид-19, покажува теренската анкета која ја спроведе Институтот за демократија. 34 отсто од граѓаните рекле дека нема да се вакцинираат, а 16 проценти одговориле со „не знам“ или немале договор.
На прашањето која вакцина ја преферирате, речиси 40 отсто одговориле „Фајзер“. Најмалку ја преферираат АстраЗенека, само 3 отсто.
21 процент се изјасниле за Спутник, 6 отсто за Синофарм, а 5 за Модерна. Сепак, 27 отсто од граѓаните не дале одговор на ова прашање.