gogo

A+ R A-


Едукација за здрави бубрези во Кратово

Ученици од основното општинско училиште „Кочо Рацин“ во Кратово учествуваа на обука за зачувување за здравјето и здрави бубрези.

bubreziЕдукативната активност насловена „Со здрави навики до здрави бубрези“ е дел од проектот „Децата и бубрежните болести - Дејствувај навреме за да ги спречиш“.

Проектната активност во вид на работилница за учениците од трето одделение опфати едукативна презентација, евалуација на содржината преку цртежи или прашања, презентација на промотивни едукативни материјали, флаери и боенки, со цел доближување на темата до дечињата. Секој од присутните ученици доби и шише вода „Ладна“ од организаторот, како поттик за почитување на златните правила за здрави бубрези.

Едукацијата ја спроведоа предавачи, обучени за соодветната област од страна на Здружението на бубрежни болни граѓани Нефрон – Скопје.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija 10 godini

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска536
mod_vvisit_counterВчера10683
mod_vvisit_counterОваа недела52317
mod_vvisit_counterМинатата недела57648
mod_vvisit_counterОвој месец116384
mod_vvisit_counterМинатиот месец256384
mod_vvisit_counterВкупно15066890
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.